среда, јуни 29, 2005

Sex Pistols
Повеќе...
Ernesto 'CHE' Guevara
Повеќе...
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Повеќе...

понеделник, јуни 27, 2005

Easy Riders - мото журка во Скопје



Ете, конечно и ние може да се пофалиме дека сме присуствувале на еден моторџиски спектакл.

Ете, конечно и ние може да се пофалиме дека сме присуствувале на еден моторџиски спектакл. Пофални зборови до организаторот на овој моторџиски собир, моторџискиот клуб Изи Рајдерс (Easy Riders), кој ни овозможи и ние да ги почуствуваме мото - забавите. На дело можевме да видиме повеќе од илјада моторџии од различни земји со нивните екстра мотори од типот на Харли Дејвитсон, Јамаха, Хонда, Бе-ем-ве... Дури имаше и некои мотори кои вредеа повеќе од 10,000 евра, како и доста рачно спектакуларно изработени мотори. Видовме и ретко легален стриптиз и тоа на мотори.

Базата на оваа мото журка беше во кампот Белви, недалеку од излезот на Скопје. Дека одлично го организирале овој дводневен мото спектакл говори и податокот дека дојдоа група од десеттина моторџии од Велика Британија и тоа од познатиот мото клуб „Чопер“. Исто така имаше моторист од Москва од клубот „Ноќни Волци“ кој поминал преку 2,500 километри со својот мотор за да присуствува на овој спектакл. Неговото име е Георги Џимиев - поздрав до него. Додека моторџиите од мото-клубот „Чопер“ нивните мотори ги донесоа со авион, американецот Даг Вотке од Алабама со неговиот мотор Кавасаки патувал два месеци низ европските и земјите од Северна Африка за да стигне во Македонија. Инаку тој работи како автомеханичар. Од сите мото клубови најмногу бројна беше групата од соседна Бугарија. Драган Франкуловиќ - Френки од Панчево, Србија може да се пофали дека неговиот трицикл беше најинтересен и најсликуван. Френки својот мотор го изработил со макотрпна работа за околу пет месеци и за тоа потрошил од три до четири илјади евра. И само уште нешто - одговор на сите што го поставуваат прашањето дали моторџиите, облечени во црна кожа, со долги коси и тетоважи по телото се опасни за нивните животи, одговорот е секогаш ист - тие се неопасни љубители на брзо возење и верувајте никого не задеваат без причина.

За галерија кликни тука!

Повеќе...

Slash




Кога некогаш у овој ебан живот ќе ве прашаат или можда на милионер ќе ви падне прашање: „Кој е најпознатиот и најоригиналниот гитарист на овој розов свет?“ Вие без дилема ќе кажете никој друг освен Слеш!

Кога некогаш у овој ебан живот ќе ве прашаат или можда на милионер ќе ви падне прашање: „Кој е најпознатиот и најоригиналниот гитарист на овој розов свет?“ Вие без дилема ќе кажете никој друг освен Слеш! Иако на светов има да не речем и не речуем... На светов можда има преку два миљијарде гитаристи, но само неколку од нив се едни и единствени т.е. оригинални. Еден од нив е секако Слеш - поранешниот водечки гитарист на една легендарна група Ганс енд роузис и моментално главната фаца на Велвет револвер.

Како водечки гитарист на ГНР прерасна во еден во најважните хард рок фаци, Го доби својот препознатлив стил, долга, црна, виткана коса, со цигара во уста и искинати парчиња облека. Во ГНР стана еден од најдобрите техничко прецизни гитаристи. Слеш е роден како Саул Хадсон на 23 јули 1965 година во Стоук, Англија. Неговата мајка работела како дизајнер за облека и работела за филмот на Дејвид Боуви, The Men Who Fell To Earth, додека татко му продуцирал албуми на познати музичари како што се Неил Јанг и Џони Мичел. Неговите родители решиле да се преселат во Холивуд, што било клуч за успехот на Слеш. Таму Слеш ја добива својата прва гитара како подарок за роденден и го запознава оригиналниот или првиот бубњар на ГНР, Стивен Адлер. Кога Саул Хатсон го добил прекарот Слеш од фамилијарни пријатели тогаш тој со Стивен Адлер направиле бенд кој го крстиле по песната на Моторхед Road Crew. Иако бендот проаѓа неуспешно тие двајца се запознаваат со Ексл Роуз, Изи Стредлин и Дав Мекиген и ја оформуваат подоцна легендарната ГНР. Тие дебитираа во јуни 1985, но дури после првиот албум Апетит фор дистракшн кој излезе ви 1987 бендот добива репутација на неверојатни конзумерци на алкохол и корисници на дрога.

Повеќе...

Slipknot


За тој што сака нешто лудо и откачено, Слипкнот е вистинскиот бенд. Сокриени зад маските и со провокативни песни момците најдоа одлична формула како да бидат како да бидат во центарот на вниманието.

Што преставуваат маските?

Маските ги имаат од основањето на групата, во 1995 година. Тие покажуваат различни личности и го кријат вистинскиот идентитет на носителот на маската. Деветте лика (од кловн до зомби) имаат улоги што треба да влијаат на доживувањето на масата. Целта е да се претстават од гледна точка на бендот, болните ликови во општеството.

Кои ликови се кријат зад маските, дали се тоа болни психопати?
Кори еднаш рече: „Во нашата држава (се мисли на Ајова) може само да се имаат сексуални односи, да се пие да се зема дрога и да се биде невработен“. Кој бил во Ајова знае дека тоа е вистина и Слипнот не се болни, но не се сите исти, па затоа го основаа бендот. Кога не би имало такви луѓе, бендот не би ни постоел. Слипнот во превод значи клопче што се тркала, секогаш кога се плете. Енергијата за нивната напорна работа деветтмината ја црпат од нивниот, за чудо, нормален приватен живот. Кори има среќен брак со сопругата Скарлет. Откако доби син, тој престана да пие алкохол и се однесува како примерен родител. Кори вели: „Сопругата и синот ми се поважни од Слипнот. Но, бендот секогаш ќе биде моето второ семејство“.

Зошто Слипнот се нумерирани?
Сакаат да бидат анонимни, но да останат и индивидуи и редот да го претворат во хаос. Секој број има посебно значење. Кај некои тоа е тајна, но бројот 8 на Кори е датумот на неговиот роденден (8.12.1973), како и знак за бесконечност, кој го истетовира на грбот.

Зошто фановите ги нарекуваат „Maggots“?
„Maggots“ значи ларви. Тие претежно се појавуваат во маса и претставуваат суштества што побудуваат одвратност или асоциација за нешто што не е нормално, како на пример бендот! Фановите на Слипнот се горди на името „Ларви“.

За што се зборува во текстовите?
Слипнот користат пентаграми и слики во кој се јавува бројот 666 - бројот на ѓаволот. Така сакаат да провоцираат. Шоуто треба да шокира, ништо повеќе! Кори Тејлор во своите текстови пишува за бес, копнежи, стравови и за депресии.

Што се случува за време на шоуто?
Глупави нешта (за мене б’ш добри). Кога на сцената ќе се појават деветтмина, во прв момент не знаете каде да гледате. Покрај Тејлор на сцената најзабележителен Шон Греан - број 6. Тоа се должи на неговите изведби со хидраулика. Прави скокови од три метри. Исто така впечатливо е шоуто на тапанарот. На турнејата за албумот „Ајова“ тој го подигна во воздух целиот сет тапани и така свиреше цело време! Се друго е лажно: мртвите животни, крварењата итн. Сепак на сцената шетаат некоку „ларви“.

Дали бендовите како Слипнот се опасни за младината?
Слипнот не се сметаат за опасен бенд (па нема шо да се сметаа за опасен бенд). Има институции во европа што фрлиле пик на таквите групи, а има и протести на родителите. Но досега бендот немал проблеми, како забрани, откажувања итн. Слипнот нуди забава.

Дали Слипнот имаат лошо влијание на депресивните луѓе?
Музиката, компјутерските игри и хорор филмовите преставуваат повод за самоубиствени нагони кај некои луѓе. Но факт е дека на луѓето влијаат и многу други животни фактори и ситуации, како на пример односите во семејството, со пријателите и во општеството кој водат до промена на карактерот. Тоа што членовите на Слипнот по масакрот во гимназијата во Ерфурт, Германија, пред неколку години беа на удар на јавноста, бидејќи наводно атентаторот Роберт Штајнхојзер бил нивни фан, беше обвинение од жртвите. Подоцна самите се оддалечија од тоа. МУЗИКАТА НЕ ГИ УБИВА ЛУЃЕТО.

Грција против Слипнот
Грчката православна црква се обиде да го забрани концертот на метал составот Сипнот во Атина, обвинувајќи го бендот дека го „обожава ѓаволот“. „Јавните институции мора да ги заштитат грчките граѓани од промовирање на сатанизмот“, стои во протестната нота која црквата ја испратила до грчките власти. „Дури и нивното појавување е шокантно, со црните униформи и со маските што личат на черепи“ - детално го опиша сценскиот настап на овој метал - бенд... Момците од Слипнот се на светска турнеја, која ги опфаќа и летните фестивали, и сепак го одржаа „проблематичниот“ концерт.

Повеќе...

Scorpions

Guns 'N Roses

Iron Maiden